Во Кавадарци одбележан Светскиот ден на дијабетесот со превентивна здравствена акција
- Со превентивна здравствена акција, денеска на градскиот плоштад во Кавадарци беше одбележан Светскиот ден на дијабетесот.
Кавадарци, 12 ноември 2025 (МИА) - Со превентивна здравствена акција, денеска на градскиот плоштад во Кавадарци беше одбележан Светскиот ден на дијабетесот.
-ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци, Бела фарм аптеки, ПЗУ Виталиа Медикус, ПЗУ Симбимед и ЈЗУ Центар за јавно здравје, Здружението на дијабетичари „Слатка Насмевка“ Кавадарци, беа дел од оваа заедничка здравствена иницијатива насочена кон превенција, едукација и поддршка за сите лица кои живеат со дијабетес, појаснија организаторите на настанот.
Акцијата опфаќаше бесплатно мерење на шеќер во крв и крвен притисок, совети, искуства и поддршка за подобар и поздрав живот, совети за здрава исхрана и физичка активност, информативни материјали.
- Покажуваме дека грижата за здравјето е заедничка одговорност, превенцијата спасува животи и дека кога сме обединети секој чекор кон подобро здравје е победа за сите нас. Здравјето е наш најголем капитал – превенцијата е првиот чекор. Да се обединиме во борбата против дијабетесот и да ја подигнеме свеста за здравјето во нашата заедница, порачаа организаторите на настанот. свд/вј/
Фото: МИА